После 22 години реконструиран струшкиот затворен базен

Пo  пауза од две децении во Струга   повторно запливаа првите пливачи. Официјално беше  пуштен во употреба  затворениот пливачки базен. Објектот е комплетно реконструиран  за што Агенцијата за спорт и млади инвестираше  99 милиони денари.  Покрај големиот олимписки базен, кој ги исполнува сите стандарди за меѓународни натпревари за пливање и ватерполо, дограден е и мал базен.

Стариот  затворен базен беше  изграден   пред 40 тина години, дваесет и две години беше надвор од функција, потполно распаднат. Со новиот објект ке стопанисува подружницата на ЕСМ  Струга.

– „Завршен е договорот со ЕСМ за да може да стопанисува за да не додјеме до рпоблем кајкако во Кунаово со базенот и големите сметки за струја па го затвораа. Со ова мислам дека тој проблем е надмината и се надевам дека денес здравје боже после Нова гдина базенот ке биде во функција за сите“, вели Наумче Мојсоски директор на Агенцијата за спорт и млади Струга.

Со овој проект конечно,  во градот на две води, се враќаат водените спортови, а градот Струга  прв во регионот доби  современ  затворен базен.

-„Ова е од огромно значење за развој на спортот, на пливањето, на триатлонот на ватеролото и за развојот на младите да не одат по лоши патишта да бидат насочени кон здрав живот спорт и рекреација“ вели Никола Кутаноски тренер по пливање.

Во Охрид доцни изградбата на затворениот пливачки базен. Проектот започна во 2015 година, осум години подоцна завршени се 60% од градежните работи. Од Агенцијата за спорт и млади најавија дека охридскиот затворен пливачки базен ќе биде готов во септември идната година.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани