Прекин во водоснабдувањето во Охрид, настанат голем дефект

Поради настанат голем дефект на водоводната мрежа (пукната е главната цевка со профил ф300 мм на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини Извори), моментален прекин во водоснабдувањето има на поголема територија од централното градско подрачје.
За краток временски период водоснабдувањето ќе се нормализира а прекин ќе има само на улиците: „Кеј Македонија„, „Партизанска“ и дел од АСНОМ.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се излезени на терен и додека дозволуваат временските услови ќе се работи и во текот на ноќта, во спротивно со работа ќе се продолжи во раните утрински часови.

Можно е да е слика од 1 лице, улица и пат

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани