Промовирана книгата „Татковиот аманет“ од Шипинкароски

На десеттото јубилејно Вевчанско културно лето –ВЕВКУЛ 2022 во црквата Свети Никола во Вевчани,беше промовирана новата книга со песни со наслов „Татковиот аманет“од струшкиот поет Димче Шипинкаровски. Пред присутните поетската книга ја претставија Христо Петрески, Мишо Китаноски и Веле Митаноски,а моделатор на промоција беше младата писателка Верица Мукоска.
Во својата промотивна реч проф. д-р. Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија ја подвлече вредноста на стиховите и на песните од Димче Шипинкаровски, нагласувајќи дека тој е лиричар и реалист, со прецизен и директен говор, додека пак, Мишо Китаноски понадробно зборуваше за трите кругови што се содржат во песните од „Татковиот аманет“ на поетот Димче Шипинкарпвски.

Промоција на книгата на Шипинкароски

Притоа Китаноски,потенцира дека поетскиот опус на поетот Шипинкаровски подеднакво го воспеваат татковството и татквинството, љубовта и страдањата по загубата и вознесот што тлее кај секој човек ,но забележа дека поетот Димче Шипинкаровски дел од своите песни ги посветил на нашите великани Блаже Конески и Коле Чашуле ,пеејќи со тревожен глас за испустените села и за испразнетата земја Македонија.

Димче Шипинкароски

Додека пак Веле Митаноски ја поздрави појавата на поезијата на Димче Шипинкаровски како вистинско освежување и поттикнување.
Пред присутните се обрати и писателот Димче Шипинкаровски кој нагласи дека го исполнува татковиот аманет и еве по неколку години од неговото заминување од овој свет,тој се јавува со своја книга поезија. Но и со верба дека наскоро ќе се појави неговата втора книга исто така поезија, која тематски ќе биде исто така ангажирана…


Димче Шипинкаровски е овогодишен добитник на наградата од претстижната поетска нанифестација „Антево Слово“која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Попоски.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани