Раздолжено ЈП „Нискоградба Охрид“

Раздолжени долговите на ЈП Нискоградба Охрид. Ова денес го соопшти градоначалникот Пецаков, кој вели после одблокирањето на сметката на општината, фокусот ќе биде ставен и на јавните претпријатие. Прво од охридските  јавни претпријатија кое е раздолжено од долговите е токму Нискоградба.

Со домаќинско и одговорно работење ќе се исчистат финансиските долговите и на другите јавни претпријатија, најави Пецаков.

-„Од денеска ЈП Нискоградба е одлокирано и исто како веќе нема долгови ќе функционира нормално и ќе може да врши инвестиции. Тој процес започна во 2011 година, кога се формира јавното претпријатие две години го водеше локална од СДСМ во 2013 година го презедовме со 1 200 000 евра долг и веќе од денеска на истиот принцип како што ја раздолживме општината го раздолживме и ЈП Нискоградба“, истакна Пецаков.

Пецаков најави дека администрацијата на  Нискоградба ќе се сели во нови простории во склоп на охридската касарна, а на локацијата на Железничка ќе се чува механизацијата.

-„Постоечките простории сега ќе бидат центар на механизацијата на Комуналец, Водовод и Нискоградба кај седиштето на Нискоградба. А овие години мора да истакнам дека имаме 15 милиони денари инвестиции во механизација во Нискоградба така што се напредува механизацијата во сите јавни прептријатија“, додаде Пецаков.

Со ЈП Нискоградба изминативе години менаџира директорот Александар Трпеноски.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани