Иако расте бројот на заболени од ковид 19, простор за загриженост нема, велат лекарите. Сепак апелираат граѓаните да бидат претпазливи, често да се проветруваат климатизраните простории.
Најчести симптоми на подваријантите на Омикрон сојот, кој е најраспространет во овој бран на пандемијата се горнораспираторни инфекции.
Преовладуваат симптоми од горнораспираторниот систем. Најчесто се јавува болка во грло со засипнатост, односно променa на бојата на гласот, затнат нос или течење на носот, главоболка, висока температура. Во некои случаи има и дијареа и болки во стомакот. Меѓутоа најчести и најзaстaпени се гонораспираторните симптоми, вели Кристина Митреска матичен лекар од Охрид.
Иако во овој бран симптомите на корона вирусот се многу полесни,во споредба со претходните, според лекарите, клучно е рано тестирање и почнување со терапија за да не дојде до компликции. На заболените им се препишува симптоматска терапија.
Кај температура и главоболка даваме антипиретици или аналгетици кои што исто така делуваат и антипиретски. Витамини, многу течности и одмор. Секако и изолација за да самиот организам се избори подобро со вирусната инфекција и да спречиме заразување на останатите, додава Митреска.
Лекарите апелираат граѓаните да бидат внимателни, одржување високо ниво на лична хигиена, да носат заштитни маски на пропишаните места и навремено да побараат лекарска помош.
Само вчера од вкупно 1.890 тестови во земјава, регистрирани се 844 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во Охрид се 30, а во Струга 20 случаи.
Новинар Соња Рилковска