Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведување на нова фекална канализација на крак од улицата „Абас Емин“.
-„Линијата е со должина од 115 метри, а вредноста на зафатот изнесува 566 073 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид“, информираат од општината.