Со спектакуларен концерт вечерва се отвора “Охридско лето“

Оперската дива, сопранот Анџела Георгиу од Романија заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Теодорашку Артаманов , вечерва на Античкиот театар во Охрид  ќе го отвори годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Георгиу важи за најгламурозната оперска ѕвезда. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција.

Публиката ќе има можност да ужива во уште еден вистински спектакл.

-„Се е подготвено за вечерашниот спектакл. Пред нас се 40 фестивалски денови исполнети со богата музичка и драмска програма. Интересот за сите настани е голем, подготвени се безвремснеките сцени во древниот Охрид“, вели директорката Наташа Поповиќ.

Организаторите на фестивалот и оваа година најавуваат богата уметничка програма, а најолемата ѕвезда, која ќе блесне на  фестивалското небо   е светски познатиот актер Џон Малкович, кој ќе настапи на Античкиот театар на 26 јули.

63-тото издание на „Охридско лето“,  театарска програма ја отвара со Стивен Фридмен и Офф Бродвеј претставата „Бикот на Фаларис“, извондредна автобиографска монодрама.

Најреномираната музичко сценска манифестација во земјава која традиционално ќе трае 40 денови  и годинава ќе биде домаќин на над 1000 врвни  уметници од 20 земји од светот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани