Спортските риболовци со низа забелешки на Законот за прогласување на Охридското езеро – споменик на природата

Прогласувањето на Охридското Езеро за споменик на природата нема да придонесе за поголема заштита на рибниот фонд. Спортските риболовци од Здружението Свети Апостол Петар имаат низа забелешки и за новиот закон за рибарство и аквакултура.

ЈП Колекторски систем нема капацитет да управува со Охридското Езеро  и  комплексното прашање околу заштитата и грижа за ендемичните видови риби.

– „Здружението Свети Апостол Петар кога излезе нацрт законот и кога имаше јавна расправа подготвивме шест страници со предлози за измена, дополнување и објаснување. Според информациите што ги добивме од министерството некаде околу 30 % од нив се прифатени има главни рбаоти кои се битни а не се прифатени. За жал не го добивме одговорот на тие прашања, така што после негово донесување во собрание ние ќе мора повторно да ургираме“, вели Димче Мајкоски од Здружението Свети Апостол Петар.

Охридското Езеро со години нема концесионер, а нема ниту физичка заштита од рибокрадство.

-„ Има еден момент што кажува дека и во Албанија рибниот фонд на пастрмката се намалува. Негде пред Свети Никола мој пријател во Албанија сакаше да куши пастрмка каде во продавница се продаваше по 25 евра за килограм. Ова двојно поскапување на цената покажува дека и таму веќе ја нема. Време е ншето Македонија и Албанија заедно да седнат на маса и и да донесат предлог за заштита на рибниот фонд, заедничко чување на езерото и навистина да се направи нешто за заштита на пастрмката“, вели Мајкоски.

Не е само пустошењето на ендемичните видови риби, главниот предизвик со кој се соочува најстарото езеро во Европа,  и натаму има загадување но и деградација на крајбрежието сметаат спортските риболовци.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани