Српската заедница од Охрид го слави Свети Сава

По 17 пат денес во Охрид ќе се одбележи празникот Свети Сава. Во организација на Српското здружение „Коштана“ од Охрид со поддршка на Почесниот консул на Р Србија во Охрид, Михајло Филев традиционално и годинава ќе се прослави празникот. Со свештеник ќе биде одржана света литургија, ќе се врти лепче, богата музика и српско македонска трпеза.

-„Ние како српско македонско здружение Коштана во Охрид, традицинално го одбележуваме празникот по 17 пат,. Традиционално се одбележува со литургија, во присуствона свештено лице и свечен ручек. Гости во суштина никогаш не се броени бидејки ние овој празник го прославуваме како слава на здружението така да сите што се срби по потекло, по маж или жена и секако сите пријатели се добредојдени на славата Свети Сава“, вели Сречко Стојановиќ претседател на Здружението „Коштана“.

Свети Сава е национален празник на српската заедница. Тој бил првиот српски архиепископ, влијателен дипломат, а СПЦ го слави како свој основач, Името и делото на овој голем просветител на српскиот народ со децении се слави и во земјава.Свети Сава се смета за   заштитник на училишта, наставници и ученици.

-„Како и за секоја слава традицијата е колачот, пченица и се што дал Господ за свечен ручек.  Ние сме братски народи секако дека сме измешани по секакви основи така да ако е мрсно во суштина традиционално е прасето другото се е она што се дава на слава. Од минатата година во организацијата ни се вклучи и конзулот како спонзор и особена чест е што имаме таков човек во нашиот град“, додава Стојановиќ.

Српската заедница во Охрид брои околу 450 до 500 граѓани.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани