Струга прва во регионот ќе добие затворен базен, финишира изградбата

Струга прва во регионот ќе добие современ затворен базен. Објектот е комплетно реконструиран, останува уште внатрешното уредување.Стариот затворен базен беше изграден пред 40 тина години, во него тренираа и охриѓани. Две децении беше надвор од функција, потполно распаднат. Конечно, во градот на две води, се враќаат водените спортови.

Нема достапен опис
Затворен базен Струга

Во Струга забрзано се гради затворениот базен, децениско ветување на стружани. Последниот рок од изведувачите е дека објектот ќе биде пуштен во употреба до крајот на месец јуни.

Нема достапен опис
Затворен базен Струга

Затворениот базен во Кичево остана недовршен, камен-темелникот беше ставен во 2020 година. Објектот требаше да биде готов за 18 месеци, но иако поминаа три години, базенот се уште не е завршен.

Нема достапен опис
Затворен базен Кичево

-„Три години, не веруваме дека ќе се заврши. Кој ќе го заврши“, вели жител на Кичево.

Од Агенцијата за спорт и млади велат фирмата изведувач доцни со градежните работи.

 „Фирмата која го гради затворениот базен во Кичево имаше проблем, па затоа доцнат градежните работи. Ве известуваме дека сме во постојан контакт со компанијата и очекуваме во следните недели работите повторно да започнат,а до крајот на годината базенот во Кичево да биде готов“, велат од Агенцијата за спорт и млади.

Рекордер во доцнење на изградбата е затворениот базен во Охрид, камен темелник беше ставен во 2015 година, после цели осум години се уште не е завршен.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани