ФОТО: Учениците наши екоамбасадори- Искуствено учење во НП Галичица

Во НП Галичица започна проектот „ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА“.
Вќера се одржа работилница „ЕКОАМБАСАДОРИ”.
Учениците седмо одделение, од ОУ “Братство Единство” – Лескајца, д во улога на ЕКОАМБАСАДОРИ.

-Во рамки на проектот “Воспоставување Мрежа за искуствено учење и спроведување на првата годишна програма за едукација за животната средина и климатски промени”, спроведуван од Македонско Eколошко Друштво, во координација со канцеларијата на УНИЦЕФ за Р. С. Македонија, со обезбедена финансиска поддршка од шведската агенција за меѓународна развојна соработка во просториите на НП Галичица во Охрид, се започна со спроведување на едукативните активности за искуствено учење, информираат од НП Галичица.

Работилницата “Екоамбасадори”, беше предводена од едукаторите Ангела Тасеска и Катерина Ническа од НП Галичица содржеше неколку активности, долж едукативната патека “Галичица на дланка”.

Што учеа младите:

Внесување име на локалитет
Земање GPS координати и надморска висина
Мерење температура, брзина на ветар и влажност
Мерење дијаметар на стебла
Истражување, утврдување на видово разнобразие во истражуваниот локалитет.
Активност “Потрага по екотрофеј”
Будење на сите сетила кај учениците
Активност “Во улога на млади ренџери”
Утврдување неправилности во НП Галичица
Осознавање како треба да се однесуваме во национален парк
Што треба да понесеме кога одиме во природа

Активностите во рамки на Мрежата за искуствено учење продолжуваат и во идниот период, а сите заинтересирани наставници и професори може да ни пишат на нашата Фејсбук страна, пишуваат од НП Галичица.

Можно е да е слика од 6 луѓе

Можно е да е слика од 5 луѓе и насмеани луѓе

Можно е да е слика од 3 луѓе

Можно е да е слика од 4 луѓе

Можно е да е слика од 1 лице и дрво

Social profiles