Снегот не ги спречи охриѓани да го одбележат денот на рибарите. И покрај неповолните временски услови, врнежи од снег и ниски температури, Охриѓани останаа верни на традицијата. На Сараиште, денеска, се одбележа Денот на рибарите со повторно влегување во водите на Охридското езеро.
Непоколебливите капачи дадоа посебен шмек на овој ден и предизвикаа радост кај присутните.