Туристичката сезона во ек, одморот поскап од лани

Туристичката сезона на брегот на Охридското езеро во полн ек. И Охрид и Струга бележат солидна исполнетост. Освен домашните има голем број гости од регионот, но туристи има и од европските и азиските земји. Голем е и бројот на иселеници од дијаспората.

За разлика од минатите години, ова лето одморот чини повеќе, гостите треба да имаат подлабок џеб.

Цените за вас се многу високи, за нас не се скапи ние сме тука на кратко само 2 недели и не е важно за нас какви се цените, но за македонскиот стандард се многу високи, вели гастербајтер од струшко

И во Франција се е поскапено иако цените се малку пораснати верувам за живеење овде не е баш добро, требаше да останат цените пониски, вели иселеник во Франција.

Од Германија доаѓаме. Многу е убаво, многу ни се допаѓа Струга, вели еден гостин од Германија.

Од хотелската асоцијација велат цените во хотелите се зголемени за 20 до 30 отсто, а за изнајмување апартман, се движат од 30 до 40 евра на ден некаде и повеќе зависно од локацијата. И рестораните, кафулињата и баровите имаат нови цени диктирани од бранот поскапувања.

Може да кажеме дека уште сме поевтини од сите други држави околу нас, да се поскапени од лани меѓутоа не се толку поскапени колку што се поскапени сите артикли. Со оглед на сето тоа мислам дека цените се многу коректни на оваа понуда што ја имаме во Охрид и Струга, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Од ХОТАМ велат како и во сите туристички центри цените се повисоки во шпиц на сезона.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани