Угостителите очекуваат рекордна посетеност за Илинденскиот викенд

Угостителите задоволни од шпицот на туристичката сезона.

Според нивните проценки на брегот на Охридското езеро има голем број посетители. Покрај домашните туристи, има голем број гости од соседството и европските земји.
Овој продолжен Илинденски викенд традиционално се очекува рекордна посетеност.

Како угостители можеме да кажеме дека сме многу задоволни, бидејќи посетеноста е голема за овој период на годината. Гости имаме од многу краишта на планетава. Најмногу се нашите европски, меѓутоа се чувствува прилив и на туристи од надвор. Профилот на гости е различен меѓутоа сепак се гледа дека сите се дојдени со претсознание дека во Охрид нешто се случува. Тоа посебно ни годи како угостители, вели Михаил Мишев претседател на Здружението „Угостителски еснаф“.

Причина за најмасовна посетеност околу 01 ви август се мноштвото кутлурни и музички настани кои се организираат на брегот на Охридското езеро. Традиционално градот под Самоиловата тврдина во овој период има богата понуда настани за сечиј вкус.

Сепак на крајот на краиштата Охрид претставува еден културен центар и со таквите манифестации го потврдува своето постоење низ годините. Осетна е присутноста на луѓе кои се љубители на уметноста и Охридксо лето, како еден од поголемите настани, настани за помладите како Ohrid Calling, итн придонесуваат за една шаренликост да секој согласно сопствениот вкус си го најде својот интерес при престојот во нашиот град, додава Мишев.

И покрај посетеноста, се чувствува економската криза и намалената куповна моќ на туристите. Цените во локалите, диктирано од големите поскапувања и инфлацијата се зголемени за 20 до 30 посто. Летувалците треба да имаат подлабок џеб за да истераат одмор во сподеба со минатите години.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles