Во НП Галичица се реализираше, се потпиша новиот тригодишен договор со Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
-На овој проект посветено и тимски работевме со премногу вложен труд . Овој договор подразбира тригодишен грант со кој нашата установа се искачува директно на врвот во нашата земја и е највреден потпишан договор во досегашното работење на Јавната установа Национален парк Галичица. Со овој договор можеме да гарантираме дека ќе се обезбедат подобри услови за управување и заштита на природата, подобрување на условите за туризам и еколошката едукација, истакна директорот Александар Бузлески.
ФОТО: