Хуманитарна забава за помош на Бојан Крстевски од Струга. Во петок на 13 октомври се организира забава на плажа Кадмо, а собраните средства ќе бидат донирани за лекувањето на Бојан.
Бојан се бори со тешко заболување на црниот дроб, тој е хоспитализиран и извршена му е интервенција во Универзитетската поликлиника „Агостино Џемели“ во Рим, Италија.
Доколку не се соберат потребните средства, постои опасност интервенцијата во ноември да биде откажана, а со тоа се ризикува и животот на Бојан.
Поради неможноста на неговото семејство да ги плати трошоците од неколку десетици илјади евра, отворени се линии за помош.
Сите хумани луѓе кои можат да помогнат, истото можат да го направат преку вртење на телефонскиот број 143 131 преку мрежата на T-Mobile.