Цените на становите на брегот на Охридското Езеро со тенденција да растат. Метар квадратен во центарот на градот чини околу 1500 евра, најскапи се недвижностите во првата зона, на брегот, кои достигнаа 2000 евра за метар квадратен. Надвор од централното подрачје најниската цена на становите се движи околу 1100 евра за квадрат.
Според добрите познавачи цените нема да стагнираат, се очекува и натаму да растат.
-„Цените ги диктира пазарот, а пазарот го создава понудата и побарувачката. Ние имаме помала понуда, но имаме многу поголема побарувачка. Така да не очекуваме цените да одат надолу, трендот ке биде да одат цените нагоре“, вели Наташа Спасеска агент за недвижности.
Најголем интерес има за еднособни викенд станови, но и за градежни инвестиции на брегот на Охридското Езеро, почнувајќи од населбата Рача до Пештани.
-„Особено е голем интересот за инвестирање во градежни парцели, каде што потенцијалните куувачи сакаат да изградат луксузни вили со поглед на Охридското Езеро, и за таа цел потребно е да се изврши урбанизација на тој дел како би се создале услови“, додава Спасеска.
За разлика од минатото, последниве години , согласно препораките на Унеско, Охрид бележи умерена урбанизација, Понудата е се помала, па затоа цените растат.
Новинар Соња Рилковска