Видео: Алекса Петровиќ повторно на Охрид Трчат, се подготвува и за Акватлон

30 годишниот  Алекса Петровиќ  од Јагодина – Србија, по втор пат  со својата инвалидска количка учествува на охридскиот маратон „Охрид ТрчаТ“.

Нема достапен опис.

Неговиот со-тркач Марко Гајиќ, цели 20 км со трчње исто како лани, ќе   ја турка количката, рамо до рамо со маратонците и спортистите. Годинава очекуваат да постигнат рекордно време, а патеката да ја истрчаат за помалку од два часа.

Алекса има церебрална парализа и е во инвалидска количка, а тој и неговиот пријател Марко,  веќе шест години   учествуваат на различни трки низ Балканот.

Оваа година си поставија повисока цел со уште еден неверојатен  подвиг. Тие ќе учествуваат и  на Охридскиот Акватлон во август, и ќе се обидат да направат  нешто што никој не го направил досега на нашите простори.

Планираат  Марко да исплива 500 метри и да го  влече Алекса во чамец, а потоа да трчаат 3 километри, па така да целата трка. Оваа година е особено важна за нив бидејќи ќе бидат во Атина за да го досигнат времето за Бостонскиот маратон следната година.

Нема достапен опис.

Не се плашат  од  висините и калдрмата во Стариот град,  бидејќи досега истрчале многу  маратони, освоиле медали и се први во Европа кој учествувале на планинска трка.

Нема достапен опис.
ВИДЕО:

Алекса и Марко и лани беа дел од Охрид Трчат.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани