Во Вевчани започнува сертификација на зелени бизниси

Во општина Вевчани започнува сертификација на зелени бизниси. Откако во 2022 година, Вевчани влезе во натпреварот во 100 те успешни приказни, на Green Destinations, на овој процес, општината заедно со Мед, Фрмахем и Mustseedonia работи на развој на одржлив туризам.

-„За нашата општина, како една од најпосетуваните туристички дестинации во Македонија, добивањето на вакво признание е од големо значење, ни дава голема мотивација да работиме кон подобрување на критериумите за зелена дестинација, кон поголем развој на дестинацијата, за поголеми туристички придобивки, поголема вклученост на локалното население и локалните бизниси, како и поголем економски развој на општината“, изјави градоначалникот на Вевчани Спасе Кочоски.

Со ова се препознаваат природните убавини на Вевчани, кое е заштитено подрачје, Вевчанските извори – Споменик на Природата, се поттикнува развојот на одржливиот туризам и поголема вклученост на бизнис секторот во Вевчани, кој е дирекно поврзан со туризмот во оваа дестинација.

-„Во однос на тоа, Тимот составен од претставници од општината, бизнисите и соработниците од Мед, Фармахем и Mustseedonia, работат и на процес на сертификација на зелени бизниси, каде се вклучија неколку бизниси, и се во фаза на оценување. Придобивките од овој процес ќе ги чувстувува целата општина Вевчани, дестинацијата ќе биде едно препознатливо искуство за сите заинтересирани посетители“, додаде Кочоски.

Можно е да е слика од 7 луѓе и маса

Можно е да е слика од 3 луѓе и внатре

Можно е да е слика од 13 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани