Во сообраќајка повреден пешак

Жител на Турција со автомобил повредил пешак.

-На 15.06.2023 во 21.45 часот, во СВР Охрид пријавено e дека на крстосницата помеѓу булеварот „Македонски просветители“ и улицата „Даме Груев“ во Охрид, М.К.(61) од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило „рено“ со шведски регистарски ознаки, удрил во С.П.(64) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles