Во Струга промовиран речникот на архаични зборови Струшкиот говор од Аспарух Попоски.
По повод патрониот празник на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, 24 јуни Денот на излегувањето на зборникот на Миладиновци, во фоајето на установата се одржа културна програма.
Во рамките на одбележувањето на 162 години од Зборникот беше промовиран и „Речник на стари архаични зборови и изрази од струшкиот говор“на составувачот Аспарух Попоски од Струга. Промотор на Речникот беше Бобан Перески професор по книжевност во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, кој истовремено зборуваше и за авторот, додека за делото повеќе се задржа лекторорт на овој речник Богомир Наум оски. Издавањето на Речникот е целосни финасиран од Министерството за култура на РСМ.
Историјата од тетратките на Аспарух Попоски излезе на бела виделина. Осумдесет и две годишниот пензионер Аспарух Попоски од Струга, кој својот работен век го поминал како бравар во струшката фабрика за емајлирани садови „Борис Кидрич“и во ХЕЦ Глобочица, четири децении неуморно пишува книги. И ако со скромно образование, полн со дух и мудрост, уредно и многу читко секиој ден во тетратка А4-формат запишува по неколу страници, везејќи го своето ново дело во кое раскажува за комитскиот живот и за македонската историја.
Сите негови дела се базирани врз вистински случки и настани што ги слушал секојдневно, муабетејќи со своите сограѓани, а најмногу во поранешната берберница на Јаќим Торта, каде што посетителите, како што вели, раскажуваат за да си ја олеснат душата. Пишува за печалбарите, за немаштијата, за суровоста на животот, откривајќи ги судбините на многу струшки семејства кои ја отсликуваат реалноста во едни дамнешни времиоња, кога луѓето знаеле што е гордост, достонство и чесност, како одлики на луѓето. По пензионирањето напишал пет книги и околу 870 страници, како и три драмски текстови „Беќар“, „Ни стари ни пари“, и „Проклети печалбарски пари“, кои се изведени во драмското студио „Миладин“ во Струга. Досега напишал 13 книги, а се објавени две „Судбина“ и „Завет“, како и сега Речникот на стари архаични зборови и изрази од струшкиот говор.
Ќе пишувам, вели Попоски, се додека ме држи умот и додека не почне да ми паѓа пенкалото од рака, бидејќи книгите се сведоштво на едно време, парите ништо не ми значат. Јас би сакал да се објават за да знаат помладите дека имало добри и чесни луѓе – Македонци, инаку ќе се изгубиме- додава Попоски, хроничар на Струга и пошироко.
автор: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
