Дипломатските вечери на најпрестижната културна манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“ и годинава ја потврдуваат и продолжуваат успешната културна соработка со амбасадите. Синоќа во катедралната Света Софија, по петти пат се одржа италијанска вечер. Публиката уживаше во прекрасната изведба на пијанистот Екланд Хаса и тенорот Џани Лечезе.

Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри вели оваа година се одбележува значаен јулилеј, три децении дипломатските односи меѓу двете земји.

-„Ние имаме одлични односи на секое поле. Политички, ние секогаш ја поддржуваме Севрна Македонија во евроатланските аспирации. Исто така и економски секогаш сме биле важен партнер за инвестиции. Секако и на полето на културата. Многу сме активни посебно на полето на музиката“, изјави италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.
63 то издание на Охридско лето доби поддршка од 11 амбасади. Романија, САД, ЕУ, Србија, Грција, Полска, Шпанија, Словенија, Италија, Франција и Украина.

-„Оваа година имаме рекордна поддршка од дипломатските претставништва во земјава, единаесет амбасади кои што ги поддржаа нивните уметници, воедно и сите амбасадори со нивно присуство нивни говор, со голема благодарност кон фстивалот Охридско лето. Сметам дека тоа е многу важно за нашата култура“, вели Наташа Поповиќ директор на фестивалот Охридско лето.
Дипломатските вечери во рамките на фестивалот „Охридско лето“ , се традиција препознаена од фестивалската публика како можност да се присуствува на квалитетен музички настан кој носи симболика за промоција на заедништво и просперитет.
Новинар Соња Рилковска
