Затекнати 13 девојки од странство, кои престојувале спротивно на целта во угостителски објект во Охрид. Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, извршени се претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид.
При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Северна Македонија. Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
-При спроведените полициски и истражни дејствија во трите угостителски објекти биле затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Р.Северна Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо“ калибар 4,5 мм. Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога. Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Северна Македонија, а пронајден е и пиштол, информираат од МВР.
