На ден 20 .06.2023 се одржа меѓународниот натпревар по астрофизика International Astronomy and Astrophysics Competition , на кој учествуваа учениците Нина Стевоска и Горазд Блажески под менторство на професор Александра Томоска и двајцата се закитија со златен медал.
Ученичката Нина Стевоска доби и специјална втора награда на светско ниво 2. Prize Youth, National Award Macedonia. Имено , овој натпревар е од меѓународен карактер каде што учествуваат повеќе од 80 држави ширум светот , признат на светско ниво и претставува прекрасна можност за младите надарени умови да си ги одмерат своите сили. Наша гордост се овие прекрасни наши деца, вели професорката Александра Томоска ментор.




