Ликовен и литературен конкурс

Општина Охрид објавува ликовен и литературен конкуср „ СО ПЛОДОВИ ВО ТОПЛИ ЕСЕНСКИ БОИ ИСПОЛНИ ГИ ДЛАНКИТЕ СВОИ“.

Предмет и цел на конкурсот :
Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој
проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се
овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на
живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја
индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во
зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се
едуцираме како да штедиме енергија, да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да
ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина
може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со
што ќе го оплемени просторот, а природата самата во различните годишни
времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и
литературен конкурс „СО ПЛОДОВИ ВО ТОПЛИ ЕСЕНСКИ БОИ ИСПОЛНИ
ГИ ДЛАНКИТЕ СВОИ “

Право на учество
Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на
Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на
есента 23-ти септември.
Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во
основните училишта на територијата на Општина Охрид.
Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе
одговара со темата на овој конкурс „СО ПЛОДОВИ ВО ТОПЛИ ЕСЕНСКИ
БОИ ИСПОЛНИ ГИ ДЛАНКИТЕ СВОИ “
Доставените литературни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема
предмет на овој конкурс.
Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен
материјал (колаж, акварел , предмети и украси од пластика и хартија …..)
Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра .
Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно
не се објавувани и не учествувале на други конкурси.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани