Избрано идејното решение за логото на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво

Идејното решение под шифра „Charger“ е избрано за најдобро решение за изработка на заштитниот знак (лого) на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Охрид.

Одлуката е донесена по спроведениот конкурс за избор на идејно решение, објавија од Општина Охрид.

Избраниот кандидат ќе биде писмено известен.

Новото лого ќе претставува визуелен идентитет на Општинскиот совет, кој работи на превенција на детското престапништво и унапредување на заштитата на децата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани