Завршена реконструкцијата на улица во Долно Лакочереј – Крак 2

Завршија градежните активности за реконструкција на улицата во охридското село Долно Лакочереј, на потегот Крак 2, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Со реализацијата на проектот жителите добиваат подобрена патна инфраструктура и поквалитетни услови за секојдневно движење.

Проектот е реализиран во рамки на Вториот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти, објавен од Министерството за локална самоуправа.

Од локалната самоуправа посочуваат дека продолжуваат инвестициите во инфраструктурата со цел подобрување на условите за живот во сите населени места во Општина Охрид.

ВИДЕО

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани