Општина Дебрца ја зајакнува комуналната механизација со набавка на второ целосно ново комунално возило, информира градоначалникот Златко Сиљаноски.
Со двете нови возила, ЈКП „Дебрца“ добива дополнителен капацитет за поефикасно одржување на јавната хигиена и подобрување на комуналните услуги во населените места во општината.
Градоначалникот Сиљаноски посочува дека новата механизација треба да овозможи побрза и поредовна услуга за граѓаните, поголема грижа за животната средина и подобро одржување на јавната чистота.
„Двете нови возила овозможуваат силна инфраструктурна поддршка што носи побрза, редовна и поквалитетна услуга во секое населено место, максимална грижа за јавната хигиена и заштита на нашата преубава природа“, објави Сиљаноски.
Тој нагласува дека вложувањата во комуналната механизација се дел од заложбите за подобрување на условите за живот во сите населени места во Дебрца и подигнување на стандардите на комуналните услуги.


