Со песна и детски настапи одбележан патрониот празник на ООУ „Дебрца“

Со богата уметничка програма, детски песни и изложба на ликовни и литературни творби, ООУ „Дебрца“ го одбележа патрониот празник. Учениците преку своите настапи ја изразија љубовта кон родниот крај и татковината.

Чествувањето започнало со положување свежо цвеќе пред споменикот во Сливово и спомен-бистата на Трајче Дојчиноски во Белчишта, по што во училишниот хол била поставена изложба на ученичките творби.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Сиљаноски, кој и самиот учел во ова училиште, истакна дека патрониот празник за него има посебно емотивно значење.

Тој посочи дека општината продолжува да вложува во подобрување на условите за образование, преку реновирање и модернизација на училишните простории.

Меѓу реализираните мерки ги посочи бесплатните училишни униформи и превоз за сите ученици, финансиската помош за секое запишано прваче, како и паричните награди и стипендиите за најуспешните ученици.

„Децата во Дебрца заслужуваат најдобри услови да сонуваат големи соништа и да израснат во силни луѓе“, порача Сиљаноски.

Одбележувањето помина во знакот на пораката дека и малите средини можат да создаваат големи соништа, а вложувањето во образованието е вложување во иднината на Дебрца.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани