Учениците во општина Дебрца за првпат ќе носат училишни униформи. Пристигнаа униформите што ги најави локалната самоуправа, со цел да се поттикне еднаквоста меѓу учениците и да се намалат трошоците за родителите.
Секој ученик добива комплет од шест парчиња облека: две маици со кратки ракави, две блузи со долги ракави и два дуксери.
Воведувањето на училишните униформи е исполнување на едно од ветувањата на градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, кој порача дека целта е учениците да се натпреваруваат во знаење, а не во облекување.
Со оваа мерка, според најавите, треба да се придонесе за поголема еднаквост меѓу учениците, но и за финансиско олеснување на семејствата.
„Образованието на прво место“, порача градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.




