Дебрца доби специјално возило за ДПД „Ентузијаст“

Општина Дебрца доби уште едно специјално возило наменето за потребите на Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“. Возилото е донација од Зоран Сидлер, иселеник во Швајцарија, со потекло од Ново Село.

Со оваа донација се зајакнуваат капацитетите на доброволното противпожарно друштво и можностите за побрза и поефикасна реакција при интервенции и заштита на населението.

Градоначалникот на Дебрца упати благодарност до Зоран Сидлер и неговото семејство, истакнувајќи дека донацијата е пример за солидарност и грижа за родниот крај.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани