Основно училиште во Охрид пријавило случај на семејно насилство врз 11-годишна ученичка.
Според пријавата, на 18 ноември во 11:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека девојчето било физички малтретирано од нејзината мајка во семејниот дом.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
