Се трага по 23-годишна девојка од Куратица
49-годишен жител на охридското село Куратица пријавил дека неговата 23-годишна ќерка се оддалечила од семејниот дом.
Случајот бил пријавен во СВР Охрид на 18 ноември во 23:30 часот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
