Охриѓанец приведен по пријава за напад врз вонбрачната партнерка
42-годишен охриѓанец е лишен од слобода откако неговата вонбрачна партнерка пријавила дека физички ја нападнал.
Според информациите од СВР Охрид, на 19 ноември во 03:45 часот, полициски службеници постапиле по пријавата дека В.М. физички ја нападнал жената по кратка расправија во неговиот дом.
По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следува соодветна пријава.
