Целта е да се спречи создавањето диви депонии, да се зголеми рециклирањето и да се намали загадувањето на почвата и водите од опасните материи.
Од претпријатието посочуваат дека ваквите центри се стандардна комунална инфраструктура во развиените европски земји, но и законска обврска кај нас.

Како пример за функционирањето на ваков систем ги споделуваат и фотографиите од студиската посета на претставници на претпријатието во Регионалното комунално претпријатие во Јевле, Шведска.
Пораката е дека селектирањето започнува во домаќинствата, а собирниот центар треба да обезбеди отпадот да заврши на соодветно место, наместо во природата.
