Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојческа во синоќешното обраќање на фестивалот Охридско лето ги повика охридските угостители да ги намалат цените.
-„Летната сезона во Охрид не трае долго и затоа квалитетот а не квантитетот му прилега на овој древен и скапоцен македонски град. Токму затоа би сакала да пренесам една порака поради Охридско лето и годинава на гости ќе ни дојдат многубројни ументици од целиот свет. Ги замолувам угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена оштета или други ненамерни долгови од векови наназад Ако овие зборови на луцидниот Душко Радовиќ допрат до нашите домаќини им благодарам“, рече Стојчевска во своето обраќање на бината.
Угостителите од Охрид денеска не сакаа да коменираат, но она што одекнува во јавноста е дека не било ниту време ниту место за ваква порака од министерката за култура.
