Нема забрана за движење во НП Галичица, строго забрането е палење оган

ЈУНП Галичица го споделува следното известување со јавноста:
Според препораките на Владата за забрана на движење во шумите, Ј.У.Н.П. Галичица НЕ има воведено забрана на движење на својата територија.
Заради зголемената опасност од шумски пожари и според препораките на Владата, кога го посетувате Националниот Парк, ВЕ МОЛИМЕ да ја пријавите својата посета на следниот е-маил: galicica@galicica.org.mk или во Дирекцијата на Националниот парк, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
За пријавување, потребни се следниве информации:
Име и презиме Регистарска табличка на возилото Датум на посета и предвидено времетраење на престојот Локација/место на движење
НАПОМЕНА: Посетителот е должен да го напушти делот на паркот што е под строга заштита до 20:00 часот.
Со цел да се превенираат негативни последици, ве потсетуваме дека на територијата на Националниот Парк Галичица е строго забрането да се пали оган на отворен простор, да се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да се палат отпад и друг горлив материјал, како и да се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележите пожар, Ве МОЛИМЕ пријавете го на телефонскиот број 112 во Центарот за управување со кризи или во нашата установа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани