Општина Охрид објави јавен оглас за поставување на рекламни паноа

Општина Охрид објави јавен оглас за поставување на рекламни паноа.

-Предмет на овој оглас е добивање право за поставување на рекламни паноа – билборди и информативни табли на канделабри на подрачјето на општина Охрид, по пат на јавно електронско наддавање (во понатамошниот текст-билбордите и информативните табли). Локациите и бројот на билбордите и информативните табли се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Охрид („Сл.Гласник на општина Охрид“ бр.14/22) и Записник од Комисија за одлучување по барања за поставување урбана опрема како дополнение на годишната програма за поставување урбана опрема бр. 09-629/2 од 17.01.2023 година. Билбордите треба да имаат двострана рекламна површина со правоаголна форма со следните димензии: должина од 450 см до 470 см и висина од 250 см до 270 см, а информативните табли треба да имаат двострана рекламна површина со правоаголна форма со следните димензии: должина од 135 цм, а висина 85 цм. Предметот на јавниот оглас претставуваат пакетите и секој пакет претставува посебен предмет на јавно наддавање. За секој пакет се склучува договор и се издава одобрение за поставување.

Повеке детали тука

Social profiles