Полициски службеници ги пронајдоа двете девојчиња од струшко кои беа пријавени дека се оддалечиле од домот.
Денеска (15.12.2023) полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С.(15) од с.Лoжани, струшко и Т.П. (14) од с. Морoишта, струшко и тие ќе бидат предадени на родителите. Двете девојчиња и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и биле враќани, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
