Се запали автобус кај Извор, нема повредени

Синоќа, се запалил автобус во движење на патниот правец Охрид -Кичево кај с. Извор. Среќа е што  нема повредени, во автобусот според првичните информации немало патници, а возачот успеал  да излезе.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека АМСМ информирал дека во 21:25 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот се одвива по една лента, наизменично, а пред тоа беше во прекин заради тоа што пожарникарите од ТППЕ Кичево интервенираа со две екипи за гасење запален автобус. РЦУК Охрид известува дека нема повредени лица односно автобусот бил без патници.

Веднаш интервенирала ТППЕ Кичево,  со две противпожарни екипи, а пожарот бил ставен во мирување.

Околу причините на несреќата денес се очекуваат детали од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани