ФОТО: На охридскиот аеродром стартуваа летовите од Лондон и Манчестер

На охридскиот аеродром Свети Апостол Павле од денес стартуваа новите  авио линиите од Велика Британија.  До 20 септември, два пати неделно преку тур операторот ТУИ UK,  Охрид се поврзува со Лондон и Манчестер. Оваа сезона се очекуваат над 6000 Британци да летуваат на брегот на Охридското  Езеро и да се запознаат со убавините на нашата земја.

Нема достапен опис.

– „Со воведувањето на овие чартер летови од Манчестер и Лондон, британските  туристи ќе имаат можност да ја посетат оваа неверојатна дестинација каде ќе имаамоѓност да го псоетат стариот град, кој е на листата на Унеско, да ги псоетат античките локалитети, манастири, цркви и да искусат добра храна и гостопримството во Охрид и локалната традиција“, изјави Неџат Курт Генерален директор на ТАВ Македонија.

Во првите четири месеци од годинава, во споредба со истиот период  лани, бројот на патници во авиосообраќајот во земјава пораснал за 44 %.

Нема достапен опис.

-„Сигурен сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, за развој на авиосообраќајот, бидејки новите авиолинии значат дополнително зголемен број на туристи, развој на туризмот во Охрид и С Македонија и тоа е значаен чекор кон обезбедување и на економски развој на државата“, истакна министерот  Благој Бочварски.

Нема достапен опис.

Охрид , засега е  нова и непозната дестинација за британците, но особено атрактивна поради прекрасната природа, бројот на туристи од Британија  се очекува да расте.

– „Северна Македонија не е многу позната дестинација за тие што сакаат да патуваат од Обединетото кралство но тоа ке се промени затоа што патниците кои ке пристигнат тука ке поминат прекрасно време и кога ќе се вратат назад ќе се прошири нивното искуство ќе го споделат со нивните семејства и фамилиите за оваа прекрасна и уникатна дестинација“, истакна Крис Логан,  Извршен директор на ТУИ Ервејс Велика Британија за скијање, езера и планини.

Нема достапен опис.

Оваа година на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле се очекуваат рекорден број туристи. Во моментов оперираат четири авио компании до девет дестинации, а од јуни ќе се патува до 14 дестинации ширум светот.

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани