Вчера попладне вистинска бајка на Охридското Езеро. безброј кајчиња, стари млади распеани со звуците на Ансамбал Билјана.
„Оваа бајка може да се доживее само на еден датум и едно место, 12ти јули на нашето бесценето Охридско Езеро.Младите и старите на едно место, пулсираа во ритамот на староградската музика изведена од незаменливите Ансамбл Билјана Охрид Ansambl Biljana Ohrid. Позитивни вибрации насекаде, езерото оживеа!Неизмерно им се заблагодаруваме на сите присутни за оваа неверојатна поддршка! Голем поздрав до нашите другари, навивачката група Рибари Охрид Официјален Профил, кои ни приредија спектакл со бакљијадата“, пишуваат од Културолошка иницијатива 5 до 12.











фото: Анастасија Стојаноска

