Шпанија го поддржува НП Галичица во идентификација на дивоградбите

Во посета на ЈУ Национален парк Галичица беше амбасадорот на Кралството Шпанија во С. Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија.
На средбата која се одржа во просториите на ЈУНПГ, амбасадорот Гарсија уште еднаш ја пофали јавната установа за направениот прогрес во изминатиот период и изрази задоволство за поддршката која Амбасадата на Кралството Шпанија во С. Македонија ја дава на ЈУНП Галичица.
Беше потпишан нов договор, со кој Амбасадата на Кралството Шпанија во С. Македонија, финансиски ќе ја поддржи активноста на ЈУНПГ за идентификација на илегални објекти во Национален парк Галичица.
Директорот на ЈУНП Галичица, Александар Бузлевски, заедно со дел од вработените се заблагодарија за поддршката која амбасадата ја дава на иституцијата и накратко му ги презентираа на амбасадорот планираните активности на паркот за периодот кој следи.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани