Милионскиот долг на општина Охрид дневно се зголемува за 10 000 евра.
Општината е рекордер по задолженост, цели 22 години работи со блокирана сметка.
Дополнителен проблем е материјалниот долг, кој секојдневно расте, а општината не си го знае сопствениот имот.
-„Тоа е принципот на недомаќинско работење. Не го знаеме имотот, не ги знаеме кои се побарувањата што ги имаат граѓаните и трета работа не е само финансискиот долг проблем е и материјалниот долг“, вели Јован Стојаноски градоналник на општина Охрид.
Стојаноски не го кажа вкупниот долг на општината бидејќи во тек биле преговори со доверителите за простување на дел од долгот или каматите.Најави дека со рефинансирање ќе се консолидира општинската каса.
-„Рефинансирање би значело дека ќе добиеме кредит по пониска каматна стапка а на таков начин ќе ни се намалат тековните трошоци на годишно нив, нот тоа не значи дека оптината ќе бид ена нула“, додава Стојаноски.
Во јавноста со години се шпекулира за наследен долг на општината, што од 1996 година до денес нараснал на околу педесет милиони евра.
Минатиот градоначалник во секој свој отчет потенцираше дека го намалил долгот на општината,но никогаш не кажа бројки. Последните пресметки покажуваат дека не само што не бил намален, туку во времето на Бакрачески дополнитлено пораснал долгот на општината.
Новинар Соња Рилковска