Работниците од затворениот базен на штрајк

Работниците кои го градат затворениот базен во Охрид од денес на штрајк.

За Охриднет велат не земале плата два месеци ниту К 15. Сопственикот на компанијата „Бауер БГ“ која го гради затворениот базен  не им исплатил ниту хранарина.

-„Во неколку наврати разговаравме со газдата од Штип, во секој разговор не лажи. Вели утре ќе средиме и еве вака со месеци. Ние работиме и си ја бараме платата. Се додека не добиеме плата ќе штрајкуваме“, вели еден од вработените во изјава за Охриднет.ком.

Станува збор за 22 градежни работници од Охрид, кои од денес најавија штрајк. 

Изградбата на затворениот базен во Охрид започна во 2015 година. Со големо задоцнување завршени се подготвителните работи и долгонајавуваното спортско здание се уште е  во форма на карабина. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани