Единаесет фудбалски екипи на зимски подготовки во Охрид

Единаесет фудбалски  екипи на зимски подготовки во Охрид. Градот ги исполнува сите предиспозиции за развој на спортски туризам.

 

Удобно хотелско сместување, чистиот  воздух , убавата  клима се дел од адутите на Охрид за привлекување на спортистите.

-„ Во мигов на терените на „Билјанини Извори“ се подготвуваат 11 екипи од Македонија, Србија и Косово, не е исклучено нивниот број и да се зголеми. Контролни натпревари со гостинските екипи имаа и ќе имаат екипи од регионот“, вели директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска. 

 Градоначалникот на Охрид кој лично се заблагодари ан спортистите кои го избраа Охрид за зимските подготовки најави дека новата локална власт многу повеќе ќе вложува во развојот на спортот. 

Надлежните најавија  дека и во иднина ќе инвестираат во нови терени и подобрување на условите на оние кои се во функција.

Екипите кои овој јануари и февруари се подготвуваат во Охрид се од Македонија, Србија и Косово.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани