14-годишната штитеничка на домот ,,25 Мај‘‘ не била силувана

Малолетничката не била силувана, покажале лекарските прегледи.

Лекарските прегледи покажале дека 14 годишното девојче од Домот “25 мај” не било силувано, дознава неофицијално Сител од извори во истрагата. Што точно се случувало во четвртокот попладне во Струга полицијата уште истражува. Малолетничката која заедно со други деца од Домот престојувале во летното одморалиште во струшката полициска станица пријавила дека додека се враќала од плажа непознато лице со непознато возило се понудило да ја превезе и ја однело во близина на селото Калишта каде над неа извршил полови дејствија по што ја вратил во одморалиштето.Министерката Царовска вели дека институциите постапиле согласно протоколите и посочи дека случајот го истражува МВР, а било разговарано и со воспитувачите на девојчето.
– МТСП ги дава на располагање сите потребни податоци кои на МВР му се потребни за истрагата, за да се утврдат елементите и да се утврди вината на целиот случај. Штом ќе имаме детали веднаш ќе излеземе со информација, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани