44 автобуси испратени на преглед, еден исклучен од сообраќај

Полицијата на дополнителен преглед испрати 44 автобуси.

На 25.02.2021 во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена е акциска контрола кон автобуси и други возила што вршат јавен превоз. Притоа, на дополнителен технички преглед испратени се 44 автобуси (Охрид-06, Струга-19, Кичево-18, Дебар-01)  и кај еден автобус од Охрид констатирани се неисправни уреди за сопирање и бил исклучен од сообраќај, а откриени се и шест други прекршоци. Против правните и физички лица, сопственици на автобусите, каде се констатирани пропусти, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани