Дворoт на гимназијата „Св. Климент Охридски“ вечерва од 18:00 часот до 22:00 часот ќе биде жива сцена на која ќе се случува аудио-визуелно инспиративно доживување — синергија од светлина, звук и архитектура. На фасадата на Гимназијата ќе бидат прикажани оригинални 3Д секвенци со динамичен ритам и прецизен мапинг, создавајќи современо искуство за сите возрасти. Сценарио и режија на Илија Пиперкоски, а автори на видео-анимациите и 3Д мапинг се Јовица Смилески и Милчо Узунов.

Ова е приказ на чиста визуелно-музичка експресија која го слави моментот и просторот. Фасадата на гимназијата, со нејзиниот историски неокласицистички стил, симболично претставува „платно на минатото“ кое се трансформира во „портал кон иднината“. Со помош на два професионални проектори од 30.000 лумени, зградата ќе се „оживее“ преку 3D мапинг – колоните ќе станат стебла на животот, прозорците ќе се претворат во портали кон ѕвездите, а целата структура ќе пулсира во ритамот на музиката. Овде, ја адаптираме таа приказна за локален контекст, поврзувајќи ја со богатата историја на Охрид како центар на просветителството и културата, и ова е начин да се поврзе историјата со иднината, поттикнувајќи размислување за нашето место во универзумот, велат авторите.
Настанот е замислен како аудио-визуелно инспиративно доживување — синергија од светлина, звук и архитектура. Фасадата на Гимназијата ќе стане „жива сцена“ преку оригинални 3Д секвенци, динамичен ритам и прецизен мапинг, создавајќи современо искуство за сите возрасти. Ве покануваме заедно да бидеме дел од ова музичко сценско шоу. Влезот е слободен
