Министерот за туризам и култура, Зоран Љутков, информира дека Македонија учествува на јубилејното 60-то издание на ITB Berlin, кое се одржува од 3 до 5 март 2026 година. ITB е најголемиот светски B2B саем за туризам и претставува значајна можност за зајакнување на соработката, отворање нови пазари и зголемување на туристичкиот промет.
На националниот штанд се претставуваат рекорден број македонски туристички компании, тур-оператори и хотелиери. Во 2025 година земјата ја посетиле над 91 илјада германски туристи, што претставува раст од 141% во однос на претходната година. Особено интересен е регионот на Охрид, како и гастрономијата, винските тури и автентичните локални искуства.
„Продолжуваме посветено да ја позиционираме Македонија како атрактивна, одржлива и автентична европска туристичка дестинација“, истакнува министерот Љутков.

